Во Охрид времето денес сончево со мала облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 31 степен.
Утре и во сабота во западните и северните делови на земјава ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Утре ќе дува засилен повремено силен ветер од западен и југозападен правец. За време на викендот ветерот ќе го смени правецот во северен со умерен, долж Повардарието повремено засилен интензитет, а температурите ќе бидат во опаѓање.
фото: Ѓоко Симјаноски