УХМР
Сончево со температура до 4 степени
Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите ќе бидат во постепен пораст.
Во Охрид денес ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.
Денес и утре во најголем дел од земјава ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР.
фото: Ѓоко Симјаноски


