По свежото утро со температура до 9 степени, преку денот во Охрид ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 23 степени.
Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.