УХМР
Сончево со температура до 27 степени
За време на викендот повторно нестабилно време во попладневните часови.
Времето денеска во Македонија сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8
Во Охрид сончево со мала облачност. Утринска температура до 12степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.
Во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.


