Skip to main content

УХМР

Сончево време со температура до 30 степени

Стабилно и потопло време во текот на денот, попладне и во вечерните часови со мала до умерена облачност.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. UV=8

Во Охрид сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 30 степени.