Во Охрид денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. UV индексот со вредност 8.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.
Во вторник во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.