Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Денес во Охрид температурите ќе бидат од минимални 14, до максимални 28 степени Целзиусови.
До петок времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, особено во петок. Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно и малку посвежо со умерен, повремено засилен северен ветер, велат од УХМР.