Денеска во Македонија сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8
Во Охрид сончево и топло, со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура до 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.
Времето во Македонија во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.