Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Денешните температури во Охрид ќе бидат во интервал од 12 до 28 степени Целзиусови.
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток и во петок, информираат од УХМР.
Фото: Ѓоко Симјаноски