Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со слаб јужен ветар

Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Денеска во Охрид времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно јужен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.

Во следните денови во Македонија ќе се задржи и понатаму топло време. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.