Времето денеска во Македонија претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и топло. Утринската температура до 13 степени, додека пак максималната дневна ќе се искачи до 26тиот степен.
Времето во Македонија во следните денови: За време на викендов и во почетокот на следната седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.