Времето денеска во Македонија ќе биде дончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. UV=8
Во Охрид сончево и топло со мала облачност. Утринската температура до 13 степени, а дневната во пораст, ќе се искачи до максимални 28 степени.
Времето во следните денови во Македонија: до петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. За време на викендот се очекува на места да биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури од недела ќе бидат во опаѓање.