Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температура до 29 степени

До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време.
 |  инфодеск  | 
hdr

Времето денеска во Македонија сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во Охрид сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура до 16 степени. Дневната и понатаму во пораст и денеска ќе се искачи до 29 степени.

Времето во следните денови: До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендов ќе има промена на времето, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и пад на температурата за неколку степени.