Skip to main content

УХМР

Сончево и топло време со температура до 33 степени

Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=9

Максималната дневна температура ќе се искачи до 33 степени.

До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.