Времето денеска во Охрид сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 34 степени целзиусови. UV=9.
До сабота во Македонија ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.
фото: Ѓоко Симјаноски