Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со температури до 18 степени Целзиусови

Минималните температури во Охрид од 5, а максималните до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во крајните источни планински региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималните температури во Охрид од 5, а максималните до 18 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека следува период на топло време. Викендов ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.