УХМР
Сончево и топло време со умерена облачност
Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.
Денеска времето во Македонија променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.
За време на викендов и во почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.


