Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со многу висока вредност на UV зрачење

Утринската температура до 17 степени, а максималната дневна до 31 степен.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Вредноста на UV индексот многу висока 10.

Утринската температура до 17 степени, а максималната дневна до 31 степен.

Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на топол бран. Ќе се задржи многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10.