Денеска во Македонија времето ќе биде претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. UV=8
Во Охрид сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 24-тиот степен.
Во среда попладне ќе биде нестабилно во западните делови, а во деновите кон викендот ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и повремено во останатите делови од земјата.