Денеска во Македонија времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во североисточните делови ќе има услови за краткотраен дожд. UV=8
Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна ќе достигне 28 степени.
Во вторник попладне претежно во западните делови, а во среда на повеќе места повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на локално невреме.