УХМР
Сончево со умерена облачност
Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 28 степени.
hdr
Времето денеска во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
Во Охрид умерено облачно со сончеви периоди. Утринската температура до 15 степени, а максималната дневна до 28 степени.
Во петок во повеќе места во Македонија ќе има изолирана појава на краткотрајна нестабилност. Во деновите од викендот ќе дува засилен, долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h) што ќе услови намалување на дневната температура. Од понеделник дневните температури ќе бидат во позначителен пораст.


