Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој краткотрајно ќе засилува.
Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.
Во четврток на повеќе места во Македонија ќе има локална појава на краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од источен правец. Потоа се очекува стабилно и потопло време.