Сончево време со умерена облачност
Од средината на оваа седмица следува период на стабилно време со пораст на дневната температура,

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 28 степени.
Утре и во среда, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Потоа следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.







