Денеска во Македонија , времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Во Охрид претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со дожд и грмежи. Утринската температура до 13 степени, а дневната ќе се искачи до 24 степени.
Времето во Македонија во следните денови: Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат без поголема промена.