Во Охрид денес сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 21 степен.
Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време. Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во пораст, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
фото: Ѓоко Симјаноски