Skip to main content

УХМР

Сончево со умерена облачност и температура до 20 степени

Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд.
 |  инфодеск  | 

Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура до 7 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 20-тиот степен.

Од вторник облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок кон крајот на денот и во сабота.

фото: Ѓоко Симјаноски