Skip to main content

УХМР

Сончево со умерена облачност и температура до 24 степени

Попладне со умерена облачност и услови за краткотраен дожд.
 |  инфодеск  | 
Охрид кеј ружи, фото Ѓоко СИМЈАНОСКИ

Денеска во Македонија претпладне сончево време со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Охрид денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со услови за краткотраен дожд. Утринската температура до 14 степени, додека максималната ќе се искачи до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Се очекува на повеќе места во попладневните часови да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.