Денеска во Охрид сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8. Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.
Времето во Македонија во следните денови претежно стабилно со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.