Skip to main content

УХМР

Сончево утро, попладне променливо облачно

Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за локални слаби врнежи од дожд.

Денес во Охрид минималните температури од 3, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Утре и во среда претпладне ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. Во среда и во четврток ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од источен и североисточен правец. Дневната температурата ќе има тенденција на опаѓање.