УХМР
Сончево време во Охрид со температура до 18 степени
Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд.
Денеска претпладне во Македонија умерено облачно време претежно во западните предели. Преку денот ќе преовладува сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура до 9 степени, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Во сабота ќе преовладува претежно сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


