Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.
Следува период на стабилно време во Македонија со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица, информираат од УХМР.
фото: Ѓоко Симјаноски