Skip to main content

Временска прогноза

Сончево време со температура до 17 степени

Особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
 |  инфодеск  | 
Охридско Езеро

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 5 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и потопло време, а особено топло ќе биде за време на викендот кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во понеделник во западните делови ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд.