Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. UV=8
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер. Утринска температура до 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 27 степени.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во среда кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст.