УХМР
Сончев и топол петок
Температурите во Охрид денес во интервал од 12 до 27 степени Целзиусови.

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Температурите во Охрид денес во интервал од 12 до 27 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во планинските и југоисточните делови од државата. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.




