Skip to main content

УХМР

Сончево денес, утре пристигнува влажен бран со дожд, грмежи и значителен пад на температурите

Денес минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 26 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови.

Денес минималните температури во Охрид од 13, а максималните до 26 степени Целзиусови.

Утре под влијание на влажен бран ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). Наместа врнежите ќе бидат проследени со појава на грмежи и засилен ветер, а температурата значително ќе опадне. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.