Skip to main content

УХМР

Сончево и многу топло, температурите во Охрид до 33 степени

Денес во Охрид температурите во интервал од 20 до 33 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.

Денес во Охрид температурите во интервал од 20 до 33 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.