Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Денешните температури ќе бидат од минимални 2, до максимални 13 степени Целзиусови.
Од УХМР инфомрираат дека и утре ќе преовладува претежно сончево време, а недела и понеделник ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд и пониска дневна температура. Од вторник следува период на стабилно време со пораст на дневната температура.