Сончево и топло, денешните температури во Охрид до 31 степен

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на топла воздушна маса од југ до утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Под влијание на циклонска активност од утре од попладневните часови, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.
Во Охрид денес минималните температури од 19, а максималните до 31 степен Целзиусов.
Фото: Ѓоко Симјаноски







