Skip to main content

УХМР

Сончево и топло со 33 степени Целзиусови

Денес во Охрид температурите во интервал од 15 до 33 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Денес во Охрид температурите во интервал од 15 до 33 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека од утре, четврток, следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.