Skip to main content

Сончоглед за туризам на село

Ознака „сончоглед“ ќе добијат сите регистрирани селски домаќинства од руралните средини кои нудат услуги на подготувување храна и услуги на сместување за туристите.

 |  Голабовски Крсте  | 
oznaka

logoОзнака „сончоглед“ ќе добијат сите регистрирани селски домаќинства од руралните средини кои нудат услуги на подготувување храна и услуги на сместување за туристите.

Странските туристи нашата земја ја доживуваат како егзотична дестинација која нуди природни убавини, традиција и културно-историско наследство во комбинација со вкусна традиционална кујна и топлото гостопримство. Ова го препознаваат голем број туристички работници кои се повеќе нудат пакети со еко и планински туризам, вински, рурален туризам. Селските домаќинства во руралните средини од крајот на минатата година треба да се евидентираат како вршители на угостителска дејност. Донесен е и правилник од  Министерството за економија а со исполнување на условите од него се добива и ознака сончоглед. За селските домаќинства од нашиов регион, решенијата се издаваат од страна на Секторот за Туризам и Локален економски развој.  

При нашата општина од почетокот на годината па досега издадени се само 8 решенија и тоа само за подготвување на храна до 50 лица. Од секторот за ТЛЕР, потенцираат дека станува збор за селата Куратица, Елшани и Велестово.  Инаку селските домаќинства претставувваат функционална единица на една семејна фарма кадешто на гостите во зависност од видот им се даваат угостителски услуги за подготвување и пислужување на ладни топли јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, главно од домашно произвоство. Во правилникот е наведено дека најмногу 50 лица мое да бидат послужени и сместени,  а гостите консумираат земјоделски производи произведени во тие домаќинства. Под храна и пијалоци типични за регионот на едно селско домаќинство се смета она што е подготвено на традиционален начин и дадено како услуга на клиентот на самата локација.

Со категоризацијата на селските сместувачки капацитети во руралните средини, Министерството за економија во исто време ќе врши и промоција на овој вид сместувачки и угостителски објекти. Промоцијата треба да помогне ознаката сончоглед да стане препознатлива кај странските туристи кои ја посетуваат Македонија за да уживаат токму во убавините на руралните предели.