Skip to main content

СОНК и Локалната ќе го решат проблемот со патните трошоци за наставниот кадар

Регионалниот одбор на СОНК од Охрид се избори да биде решен проблемот со реалните патни трошоци за околу деведесеттина просветни работници кои патуваат во подрачните училишта.

 |  Голабовски Крсте  | 
ucililiste
училиште

Наскоро решение на проблемот со покривање на патните трошоци за просветните работници кои патуваат во подрачните училишта по охридските села. Досега регионалниот одбор на СОНК од Охрид во соработка со локалната самоуправа реализираа покривање на патните трошоци само за триесеттина вработени, а сега се отвара можност за решение на овој проблем за целиот наставен кадар кој патува. Ацо Речкоски Претседателот на регионалниот одбор на СОНК од Охрид истакна дека веќе е остварена средба со претставници од Локалната и Градоначалникот Александар Петрески.

Aco Reckoski„На која што средба ни беше укажано дека општината во целост ќе ги покрие патните трошоци на просветните работници од село во град и од град во село. Во однос на вработените во самата општина, Градоначалникот укажа дека за нив ќе биде обебеден комплет јавен превоз бесплаетн за сите вработени“ објасни Речкоски.

Речкоски потенцираше дека од локалната покажале разбирање за оваа иницијатива, која во овие кризни времиња колку толку ќе помогне да се растерети домашниот буџет на околу деведесеттина просветни работници кои секојдневно патуваат до своите работни места, а кои досега патните трошоци ги покриваа од свој џеб. Инаку за корисниците ќе бидат издадени и посебни патни исправи, објаснува Речкоски.

sonk„Во договорот со Градоначалникот, со Локалната се договоривме патните исправи кои ќе бидат со важност од 1-ви септември до 31 јуни 2013 година, ќе ги изготвиме ние како регионален одбор на СОНК, на кои ќе стои амблемот од СОНК и нашиот печат“ додаде претседателот на регионалниот одбор на СОНК од Охрид.

Пред неколку дена во Скопје беше потпишан меморандум за соработка помеѓу СОНК, на чело со Претседателот Јаким Неделков и претседателот на ЗЕЛС Коце Трајановски, во кој меморандум јасно стои дека регионалните одбори на СОНК и локалните самоуправи треба активно да соработуваат. Така регионалниот одбор на СОНК од Охрид активно беше вклучен и во реализацијата на трансформациите на 40 работни места во просветата од определено на неопределено работно време.

{loadposition content9}