Премногу административни обврски, премалку време за учениците
Охридските просветни работници бараат Министерството за образование да ги растерети од административните обврски.
Охридските просветни работници жестоко реагираат на се поголемиот број административни обврски кои им ги наметнува Министерството за образование. Нивното осумчасовно работно време повеќе поминува во пишување на административни забелешки, пополнување на електронскиот дневник, во подготвување на дневната програма и правење тестови отколку во квалитетни предавања и посветеност кон учениците, велат тие. Затоа преку регионалниот одбор на СОНК секојдневно реагираат до Министерството за образование, Бирото за развој и Државниот просветен инспекторат со цел да се најде начин да се растеретат од овие наметнати обврски.
Од Државниот просветен инспекторат велат дека просветните работници беспредметно реагираат бидејќи за се има време доколку добро го организираат своето време. Од Регионалниот СОНК, пак со сосема спротивен став. Аце Речкоски, претседателот на регионалниот одбор на СОНК- Охрид вели дека некои наставници во текот на денот имаат и по осум часа така да дел од работата мора да ја носат и дома.
Од Регионалниот СОНК апелираат да се најде решение за овој проблем за да не дојде до ескалација на незадоволството кај просветните работноици не само во Општина Охрид туку во цела држава. Од таму додаваат дека доколку наставниците се растеретат од административните обврски ќе може повеќе време и внимание да и се посвети на воспитната компонента која во последно време како да е подзаборавена, а е многу значајна доколку сакаме да имаме квалитетни генерации не само по образование туку и по воспитание.
{loadposition content9}