Повредени две лица
Сообраќајка на патот Охрид-Свети Наум
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во близина на тунелот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум.
На 11.10.2022 година во 22:55 часот, во близина на тунелот на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, патничко возило „ланчија” со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(26) од Охрид, излетало од патот и удрило во патничко возило „југо” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(61), кое се движело на спротивната коловозна лента.
Двајцата возачи биле префрлени во болницата „Св. Еразмо”, каде им била укажана медицинска помош и им биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.