Skip to main content

Две жртви во сообраќајна несреќа на излез од Охрид

Кобен викенд за младите свршеници кои викендот го поминаа  во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
soobrakajka Ohrid
сообраќајќа Охрид

Две лицa ги загубија животите во тешката сообраќајна незгода што вчеравечер околу 19 часот се случи на магистралниот пат А-2 Охрид-Кичево во близина на црквата „Св.Петка“ пред селото Ботун,Дебарца. Илинденскиот викенд заврши фатално за младите свршеници, кои вчера  си заминуваа од Охрид. 29 годишниот Дарко  од Прилеп, доктор по професија го загуби животот во тешката сообраќајна незгода, а од силниот удар на возилото Пежо 206 , кое го управувал Дарко, поради тешките  повреди   на патот за болница му подлегнала  и неговата 25 годишна пријателка Билјана од Тетово, фармацевт  по професија,  која седела на седиштето позади него.

„Од засега непознати причини возило марка Пежо со прилепски регистарски таблички  движејќи се од Охрид кон Кичево, скршнало на левата коловозна лента и при тоа директно се судрило со џип со американски национални ознаки. На лице место на повредите им подлегнал  возачот на пежото 29 годишен жител од Прилеп. Додека на пат кон болницата Св Еразмо  од здобиените повреди им подлегнала и неговата сопатничка 25 годишна жителка на Тетово“, истакна м-р. Стефан Димовски – портпарол на СВР Охрид.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ц. (30) од Тетово сопатничка во возилото „Пежо-206“ и soobrakajka OhridН.М. (56) од Кичево кој го управувал џипот.  Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде се задржани на понатамошно лекување.
Вереницата на возачот на Пежото, инаку докторка од Тетово во Св Ерзамо е примена со потрес на мозокот и скршеници, но е надвор од животна опасност.   

„Беше итно однесена во одделот за интензивна нега на мониторирање дадена е соодветна терапија и  веднаш превземени се иследувања направени се компјутеризирана томографија на мозоокот и вратниот дел на рбетот каде пацинетката се жалеше“, истакна д-р.Митре Милошески.

Семејството од Кичево инаку родители со две деца доаѓале на одмор во Охрид. За среќа тие поминале со мали повреди и ќе бидат пуштени на домашно лекување.Додека траеше увидот од 19 до 22 часот патот кон Кичево беше затворен.  Километри долга колона возила чекаа да го напуштат Охрид, а голем дел од нив се  пренасочуваа  преку Битола и Дебар.


Двете возила со влечна служба се подигнати од местото на незгодата и врз нив ќе се изврши дополнително вештачење. Од Н.М. возач на џипот обезбедена е крв за понатамошна анализа, а понаредба на истражен судија, врз починатите денес ќе биде извршена обдукција.

{loadposition content9}