Во сообраќајна несреќа на ул.„7 Ноември” тешко повредени две лица
Мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од осумнаесетгодишник од Охрид се судрил со патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки.

На 22.09.2025 во 18:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„7 Ноември” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од осумнаесетгодишник од Охрид и патничко возило „ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишно лице од селото Велгошти, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот и неговата сопатничка, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо”, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.







