На 20.08.2022 часот, во 13:30 часот во СВР Охрид, пријавенo е дека на магистралниот пат Охрид-Битола на влезот за селото Куратица, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “туран” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(67) од Охрид, и мотоцикл “кавасаки” со битолски регистарски ознаки, управуван од К.О.(31) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката С.Д.(22) од Битола констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.