Skip to main content

Повредено едно лице

Сообраќајна несреќа во близина на Климештани

Сообраќајна несреќа се случила вчера на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на село Климештани. Во несреќата, повредено е едно лице.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 22.03.2023 во 12:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на влез за с. Климештани, општина Дебрца, патничко моторно возило „опел” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.М.(60) од Охрид, изгубило контрола и излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ф.Х.А.(62) од Охрид констатирани во болницата „Св. Еразмо” во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Охрид – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.