Skip to main content

Градежни работи

Сообраќаен режим од Песочани до Требеништа

Од компанијата Синохидро апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат со намалена брзина на движење и зголемено внимание.
 |  инфодеск  | 
Песочани Требеништа

На регионалниот пат Кичево–Охрид, секција Песочани-Требеништа од среда, 12 октомври ќе има времен сообраќаен режим, соопшти денеска компанијата изведувач на градежните работи „Синохидро корпорејшн лимитед“ – Пекинг, подружница Скопје.

Според информацијата, времена измена на сообраќајот, ќе има секцијата Песочани–Требеништа на 0 километри до 2+300 и на 9 до 9+940 километри.

Во текот на градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај. По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна состојба – стои во соопштението на Синохидро.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат со намалена брзина на движење и зголемено внимание.