Сообраќајниот знак забрането паркирање и задржување кај Капетанија не се почитува
Сообраќајниот знак забрането паркирање и задржување кај Капетанија не се почитува.
На прагот од новата туристичка сезона се повторуваат старите, познати комунални проблеми. Еден од нив е непочитување на сообраќајните знаци кои доведуваат до создавање метеж на охридските улици.
Дел од улицата која ги поврзува улиците Коста Абраш и Самоилова повторно е во сообраќаен хаос. Полицијата и овој пат не презема ништо да се реши сообраќајниот хаос во овој дел од градот.
На просторот каде што е поставен знакот има бројни паркирани автомобили со охридски, но и со странски регистарски таблички. Дополнително се забележуваат и возила кои вршат дотур на стока кога е најголема фрекфенцијата на сообраќај. Така, на стеснетата улица се оневозможува нормален проток на возила и пешаци.
Жителите од стар град кои не сакаат јавно да зборуваат пред камерата на ТВМ за овој проблем нагласуваат дека паркираните возила создаваат проблеми пред се на пешаците и туристите кои постојано се вознемируваат од несовесните возачи.
Напоменуваат дека едвај чекаат како што е најaвeно од ЛС да се изгради малиот плоштад со кој веруваат дека ќе се надмине проблемот. Во меѓувреме граѓаните се прашуваат каде е сообраќајната полиција која треба да ги санкционира ваквите појави или во најмала рака барем да делува превентивно во почитување на сообраќајната сигнализација за да се воспостави ред на улиците.