Skip to main content

Соопштена Програмата на годинешните СВП

 Соопштена Програмата на годинешните СВП.

 |  Валентина Неловска  | 
сл

На годинешното издание на СВП ќе бидат присутни 30 учесници од 5 континенти, а меѓу нив и голем број поетски звезди од сите меридијани. Кинескиот поет Дуо Дуо, лауреатот на Торонто, Ен Мајклс, најатрактивниот полски поет Ришард Криницки, ова се дел од триесетината поетски имиња кои ќе учествуваат на 56 издание на „Струшките вечери на поезијата“ , истакна Славе Ѓорго Димоски, Претседателот на УО на СВП. Ѓорго Димоски ја соопшти програмата на годинешното издание на поетската манифестација , а најави и нови содржини.


свп„ Тие пред се се однесуваат на сценски прикази и перформанси и лично презентирање на поезијата на странски учесници. На секој учесник да се даде посебен простор за поцелосна презентација“, кажа Ѓорго Димоски.


Покрај оваа новина, 56 издание на СВП ќе биде запомнето и по презентирање на поезијата на малите јазици во светот.

„ Новина на фестивалот е што ќе има претставуавње и на мали јазици. Годинава тоа ќе јазикот шуо кој се говори во земјата Еквадор. А со антологиско издание ќе биде објавена современата кубанска поезија“, најави Славе Ѓорго Димоски.


Добитник на „Златниот венец“ годинава е американскио поет Чарлс Симиќ. Добитник на наградата „Мостовите на Струга“ е хрватскиот поет Горан Чулахоџиќ. За наградата „Браќа Миладиновци“ во конкуренција се 38 автори. Од оваа година за наградата „Браќа Миладиновци“ е зголемен и паричниот фонд кој ќе изнесува 150.000 денари.